Скулптура на Мерлин Монро во познатата поза со поткренато здолниште од филмот „Седум години верност“, украдена е од структурата „Четири дами од Холивуд“ во Лос Анџелес.

Уметничкото дело „Четири дами од Холивуд“ подигнато е во 1994 година. Конструкцијата е направена во чест на глумиците Долорес Дел Рио, Дороти Дандриџ, Ме Вест и Ане Меј Вонг.

Фигурите кои ги претставуваат сочинуваат четири столбови од градба која е висока два спрата.

На врвот на ова уметничко дело се наоѓа скулптурата на Мерлин Монро, инаку помала варијанта од скулптурите  на нејзините колешки.