Еден пар од Њујорк имаше баш добар почеток на 2019 година судејќи според снимката која се споделува на друштвените мрежи.

И оваа година на Тајмс сквер се собраа многу луѓе од сите страни на светот за дочекот на Нова година, а некои телевизии ја пренесуваа атмосферата од улиците во живо.

Меѓутоа, една снимка привлече големо внимание, а не неа, зад новинарката, меѓу масата луѓе, се гледа пар кој на прв поглед изгледа како да има секс.

Оваа снимка почна масовно да се споделува, а луѓето коментираат како тие двајца водат љубов.