Под сомнеж дека извршиле грабеж во дуќан, полицијата од Талахасеј, Флорида, запре на улица две лица за да ги уапси. Полицијата беше добро опремена и вооружена бидејќи од дуќанот им јавиле дека се сомневаат дека лицата кои краделе носат оружје.
Чад Бом и Џејмс МекМулен беа сопрени на улица, а полицијата во нив впери оружје. Минувачите го снимаа апсењето, а на видеото се гледа како еден маж стои покрај автомобилот додека другиот излегува од возилото.
Откако пристигна до полицискиот автомобил, започна делот кој шокираше многумина.
Две годишно девојче кое едвај се спушти од автомобилот тргна кон полицајците. Цел пат таа ги држеше рацете кренати горе, исто како уапсените мажи. На снимката може да се види и како девојчето чекори со боси нозе.
На местото на апсењето беше и нејзината мајка која на полицијата и кажа дека во возилото се наоѓа и нејзиниот едногодишен син.
Минувачите не можеа да веруваат во тоа што го гледаат.
Се уште држат пиштол вперен кон детето, се слуша глас од возилото. Не, пиштолите се вперени кон автомобилот, вили друго лице.
Comments are closed for this post.