„75-иот роденден за жал не можеме да го наречеме среќен и да го прославиме на начин како што му доликува на Драмски: со сите актери на сцена, со цела техника, со полн салон, со аплауз.
Но, со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката!
75 години овој театар живее и го чува духот на сите големи актерски имиња кои го полнеле храмот на уметноста со смеа, солзи, аплаузи.
Денес е роденден на Драмски.
Му посакуваме сите следни родендени да бидат прославени со цел ансамбл, со полн салон, СО ЉУБОВ“, стои во соопштението од Драмски театар.
Comments are closed for this post.