Синко, имаш ли ти дечиња? Ако имаш,тогаш знаеш како крвари душата на една мајка која го изгубила најсветото нешто-својот син. Те молам,помогни ми, однеси ме да го испратам до неговото вечно почивалиште, дозволи ми синко да го поздравам за последен пат, зборовите како камења од душа паѓаат, а солзите ништо ни го сопора додека првиот човек на болницата, ја раскажува тешката и болна судбина една мајка која заедно со синот се лекувала од коронавирус во охридската општа болница, објави Охридвест.мк

Додека таа успешно се опоравувала, нејзиниот син починал.

Свесен сум вели доктор Балев за строгите протоколи и одговорноста која ја носам, но и помогнав на мајката да стане од кревет, ја облеков во скафандер и ја однесов за да се збогува со синот за потоа повторно да ја вратам во болница-раскажува доктор Балев.