Српски „Блиц„ пренесува несекојдневна информација од Германија. Според неа, девојката на извесен доктор Андреас Давид Нидербихлер умрела од предозирање со кокаин, што тој го ставил на својот пенис пред орален секс. Сега докторот се соочува со обвиненија дека и со други жени користел не само дрога, туку и други несоодветни техники.

Хирургот се наоѓа пред судење за убиство на жената, со оглед дека таа не знаела оти тој на врвот на својот полов орган, пред оралниот секс, ставил дрога. На докторот Нидербихлер му се суди во Магдебург, Германија.

Примарно е обвинет дека ја усмртил 38-годишната фризерка Ивон М.

По оралниот секс, на жртвата екстремно и се забрзало дишењето, по што таа колабирала. Обдукцијата покажала дека починала од предозирање со кокаин.

Нејзините пријатели тврдат дека Ивон имала долга афера со германскиот хирург и безусловно му верувала.

Ивон сакаше да го остави својот маж заради Нидербихлер. За неа тој беше како Кристијан Греј од „Педесет нијанси сиво’ – наведува еден од нејзините пријатели.

Поради обвинувања за тешки повреди со смртен исход, хирургот се товари за ставање кокаин на врвот на својот пенис пред орален, вагинален и анален секс со неколку други жени, како и за ставање дрога во чаши со шампанско пред односите со своите партнерки, а без нивно знаење.