Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито.

Од утринските часови има повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 80 км/ч.) и услови за појава на град.

Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира. Минималната температура е во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени и со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови.

До вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец. Помалку врнежи ќе има во недела.