Во декември минатата година го видовме првиот трејлер за новата филмска верзија на легендарниот цртан Кралот Лав. Денеска на точно 100 дена пред светската премиера Дизни го пушти новиот трејлер во кој открива многу повеќе детали.

Додека во првата верзија од трејлерот Симба е се уште младо од лав, во новата најава тој е веќе возрасен. Прв пат се гледаат и некои нови ликови, како Скар, Тимон и Пумба. Прикажана е и нетрпеливоста меѓу Симба и Скар, но и легендарната песна од сцената на танцот на Симба, Тимон и Пумба под месечината.

Трејлерот го прикажува и неговото враќање и борба за место во крдото, а во последниот дел од сцената Тимон и Пумба ја пеат легендарната мелодија од песната „The Lion sleeps tonight“.

Големи филмски и музички имиња

Филмот го режира Џон Фавреу, кој се потпишува во двете продолженија на „Iron Man“, како и филмот Кралот на џунглата. Во долгоочекуваниот проект ангажирани се многу имиња од филмската и музичка индустрија.

Гласот на Симба го позајмува познатиот глумец и музичар Доналд Гловер, Нала популарната Бијонсе, а тука е и Сет Роген како Пумба.

На оние сентименталните сигурно многу ќе им значи и податокот дека некои имиња се исти како и во оригиналниот цртан. Така, глумецот Џејмс Ерл Џоунс повторно ќе биде Мустафа, како што и музичарот Елтон Џон одново ќе биде ангажиран за филмската музика.