Телевизискиот сервис „Би-Би-Си“ го потпиша досега најголемиот договор за продажба на своите програмски содржини, согласувајќи се емисиите за природа да се емитуваат на сервис воден од Дискавери каналот за 350 милиони долари.
Тоа е најголемиот договор за програмска содржина што британскиот радиодифузен сервис го има потпишано“, рече Лорд Тони Хол, генералниот менаџер на Би-Би-Си
Договорот за соработката е потпишан за следните 10 години, а ќе стартува од крајот на 2019.
Двата сервиси ќе работат заедно и на снимањето на новите емисии за природата. Тие Би-Би-Си ќе ги емитува и во Велика Британија.
Претплатниците во Велика Британија навистина ќе имаат голема корист од ова, бидејќи, без разлика колку пари ќе заработиме од овој аранжман, се разбира, истите ќе ги инвестираме во нови програми кои тие ќе можат да ги гледаат“, рече Лорд Хол.
Истовремено, тие ќе можат да ги гледаат и новите програми кои ќе ги работиме заедно со „Дискавери“.
Comments are closed for this post.