Ресторан во луксузен хотел во Токио од денеска нуди хамбургер по цена од 800 евра во чест на новиот цар, коиј на почетокот на мај ќе ја преземе должноста.

Хамбургерот има дијаметар од 25 сантиметри и тежи три килограми. Во него има паштета од гуска, најскапо говедско месо и печурки тартуфи. Се служи во пециво попрскано со вистинско злато.

,,Сакаме да го славиме новиот цар и новата ера во Јапонија.” рече шефот Патрик Шимада , кој го подготвува скапото јадење.

,,Златниот џиновски бургер” , што се нуди по цена од 100 000 јапонски јени ќе може да се проба до крајот на јуни.

Јапонската влада денеска објави дека името на новата ера од 1. мај ќе биде ,,Реива” , чии знаци обележуваат хармонија што носд надеж. Новата ера ќе почне со царот Нарухито , кој од 1. мај ќе го наскледи својот татко Акихито , кој абдицира поради старост.