Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист и заменик директор во Театарскиот институт во Прага, соработник во тимот на Прашкото квадриенале за сцeнски уметности во Чешка ќе се одржи вечер во организација на Македонскиот центар на ИТИ / ПРОДУКЦИЈА, под покровителство на Амбасадата на Чешка, Министерството за култура и АТИ Прага продуцент Иванка Апостолова Баскар.

Свобода, како што соопшти екипата на Македонскиот центар на ИТИ / ПРОДУКЦИЈА, ќе зборува за проектите на Институтот пред и за време на Ковид-19.

Нивната театарска архивистика е аналогна и дигитална-систематична и прегледна, сеопфатна, ги опфаќа градивата од доменот на драмскиот театар, операта, танцот и перформансот. Нивниот Институт е еден од најуспешните во источна Европа, се наведува во соопштението. Неговото предавање пред се е наменето за земјите со претежно дисперзиран начин на архивирање и документирање на театарското градиво, и, како што посочуваат, ќе делува поттикнувачки за изнаоѓање на успешни матрици за интегрирано архивирање на постоечките институционални и приватни архиви и документациски материјали, кои ќе ги олеснат компаративните локални и меѓународни истражувања во доменот на историјата и современиот театар, танц, перформанс и опера, ќе овозможат меѓународна достапност и видливост на помалите театарски заедници во Европа и светот.