Хрватскиот кантавтор Златан Стипшиќ-Џибони синоќа во салата „Јане Сандански“ одржа концерт на кој гостин беше Влатко Стефановски. Ваква комбинација на сцената само можете да посакате, а присутните без сведоци на маестрална изведба на нивните хитови „Libar“ и „ Čuvam noć od budnih“.
Џибони во чест на неговиот долгогодишен пријател и соработник, Оливер Драгојевиќ го почна концертот со неговиот хит „Цесарица“.
Еден од последните концерти кои ги одржав заедно со Оливер беше во Скопје и затоа сакав да го почнам концертот токму со „Цесарица“, рече Џибони синоќа, а публиката во еден глас ја пееше песната која ја одбележа младоста на многу генерации.
Влатко Стефановски, како секогаш уникатен во изведбата. Го придружуваше Џибони во изведбата на неколку негови хитови, а потоа ја сам ја отсвири „Чукни во дрво“, на голема радост на присутните кои на нозе и со силен аплауз го поздравија.
Во двочасовниот настап на хрватската музичка ѕвезда се редеа „Опрости“, „Тајна вјештина“, „Темпера“, „Ниси више моја бол“, Миракул“, „Не одустајем“, „Посољени зрак и разливена тинта“…
Салата е доволно интимна за да се гледаме во очи, но и доволно голема за сите мои пријатели на сцената за одличен концерт, рече Џибони.
А неговите пријатели и соработници на сцената додека ги претставуваше на сцената ни создадоа впечаток на уникатен збир од прекрасни музичари од Македонија, Словенија, Хрватска, но и такви со германско и чешко потекло кои видно расположени со добра енергија и прекрасна музика ни приредија одличен концерт.
При крај на концертот, Џибони уште еднаш му се оддолжи на Оливер Драгојевиќ со изведбата на „Старим ја, а у љубав вјере немам“, а како вистински Далматинец постојано одржуваше топол контакт со публиката, слегуваше од бината меѓу присутните, се фотографираше, разговараше и на самиот крај посакувајќи ни убава година пред нас ни даде и совет секој безбедно да се врати дома.
Концертот слободно може да го наречеме ексклузивен, па дури и интимен бидејќи Џибони дојде по двe распродадени арени во Загреб и две распродадени „Штарк” арени во Белград, каде го видоа речиси 80.000 посетители.
Comments are closed for this post.