По промотивната кампања која се фокусираше на теренските карактеристики на Lada Niva Bronto, компанијата Avtovaz лансираше одлична новогодишна реклама.

Се ближи крајот на 2021 година и Вадик има желба да добие „освежена“ верзија на култниот теренец, чиј 1,7-литарски мотор произведува 82 КС и 129 Nm.

Дедо Мраз дава се од себе за да стигне до младиот херој, а го гледаме теренското возило како се пробива низ ѓубрето и заледените патишта.

Секако, ништо нема да го спречи споделувањето на подароците, но на самиот крај се случува неочекуван пресврт (!), кој нема да ви го откриеме.