Според последните истражувања , се повеќе луѓе во светот се изјаснуваат како атеисти.

Како што објави National Geographic , на анкетата спроведена во целиот свет , на прашањето за религиската припадност , најголем број одговориле со скепса и незаинтересираност.

Верски неопределените се втори по бројност во САД и во најголем дел од Европа. Во последните десет години бројот на атеистите го надмина бројот на католиците, протестантите и припадниците на сите нехристијански религии.

Недостатокот од религиозност има силно влијание за размислувањето поврзано со грижата за децата, смртта , па дури и за гласањето на избори.

Меѓу земјите кои набргу ќе станат мнозински секуларно општество се Франција , Нов Зеланд, Холандија , Британија и Австралија , кои ќе го изгубат христијанското мнозинство.