Том Харди повторно стана татко, пишува Дејли Маил.

За време на празниците сопругата на британскиот актер, Шарлот Рајли родила машко бебе кое го крстиле Форест по името на популарниот лик на Том Хенкс од филмот “Форест Гамп”, кој таа го обожава. Брачната двојка веќе има едно дете.

41-годишната ѕвезда изјави дека “тој и неговата сопруга се исклучително среќни од новото засилување во семејството”. Пријателите на актерот рекоа дека бебето “ја гребело кожата на татко му”. Том и Шарлот среќно се венчани од 2014 година. Двојката се запозна на снимањето на филмот “Брулени ридови” во 2009 година, во кој ги играа улогите на Кетрин и Хитлиф. Актерот има 10- годишен син од претходната врска.