Бијонсе на Инстаграм објави фотографии на кои фановите видоа дека е бремена. Сите фанови на познатата музичка ѕвезда се убедени дека таа е бремена поради нејзиниот изглед на фотографиите, а особено затоа што  на една фотографија од профил , го прекрива стомакот со чантичката.

Пеjачката двете досегашни бремености ги објави на грандиозен начин , а ги покажа и своите новородени деца на необични фотографии.

Додека некои се радуваат на четвртото дете на славната пејачка , има и такви кои сметаат дека само се здебелила , зашто има 37 години и претходно родила близнаци.

Бијонсе деновиве ги воодушевува фановите од целиот свет со улогата на Нала во римејкот на ,,Кралот лав”.