Театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на здружението „Артропија“ ќе биде изведена вечер и утревечер во Младинскиот културен центар. Режисер на претставата е Билјана Радиноска.

Во претставата играат Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска.

Од МКЦ информираат дека претставата ќе биде реализирана по соодветен протокол, почитувајќи ги препорачаните мерки за заштита.

Претставата, како што посочуваат, не е наменета за лица под 16 години. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk .