Поради голем интерес на публиката вечерва ќе се одржи втора изведба на балетот насловен „Балетски бисери“ во Национална опера и балет.

Оттаму информираат дека балетскиот концерт ги опфаќа најубавите балетски дела „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести, стои во соопштението.