Риболовец од Црна Гора улови туна тешка 72 килограми и долга 1,9 метри во водите на Которскиот залив. Рибата како што вели, „удрила“ на околу 30 метри длабочина, меѓутоа жилавата борба траела скоро еден час, изјавил Мандиќ за Радио Јадран.

Мирко на чамецот бил сам. Вели дека туната ја совладал на средината од заливот. Ја следел и го држел конецот затегнат се додека рибата не изгубила сила. Потоа му се скршил рибарскиот стап и морал сам да ја извлекува, раскажува за својата авантура црногорскиот рибар.

Туна во Которскиот залив за време на зимата не е реткост, бидејќи многу од нив „презимуваат“ во топлото море. Рибарите ја приметуваат уште на почетокот на декември кога влегува во заливот. По неколкудневната бура деновиве, туната се населена во близина на брегот, пренесува Радио Јадран.