Американската разузнавачка агенција ЦИА отвори профил на друштвената мрежа Инстаграм. Профилот е отворен и верификуван во четвртокот, а на првата објавена фотографија е прикажан работна маса на еден од вработените на кој се гледа перика, часовник, печат, хартија и книги.

За само 24 часа ЦИА има 26.400 следбеници, но агенцијата се уште никого не следи на друштвената мрежа.

 

View this post on Instagram

 

I spy with my little eye…

A post shared by Central Intelligence Agency (@cia) on

Освен на Инстаграм, ЦИА има профил и на Твитер и на Фејсбук.

Сајтот Верџ потсетува дека директорката на ЦИА Џина Хаспел минатата недела изјавила дека агенцијата има намера да го гради своето присуство на Инстаграм.

Портпаролката на ЦИА, Челзи Робинсон, изјавила дека приклучувањето на Инстаграм е уште еден начин на кој се споделуваат приказни и каде се регрутираат млади талентирани Американци да работат за агенцијата.

„Овој профил ќе овозможи увид во агенцијата, но не можеме да ветиме селфи од тајните локации. Се радуваме што ќе предизвикаме интерес кај корисниците на Инстаграм и глобалната мисија на ЦИА, изјавила Робинсон.