Вистина или фикција. Ова е дилемата на сите што ја гледаа серијата Чернобил“ за катастрофата во тогашниот Советски сојуз. Се чини дека вистината е негде измеѓу, а оние неутралните се сложуваат дека книгата Черобилска молитва“ од руската писателка Светлана Алексиевич дава реален приказ на настаните.

Во неа се опишани настаните и ликовите кои биле сведоци на несреќата, ретките повратници кои не можеле да го остават домот, стравот на младите родители за своите наследници. Девојките кои не сакале да останат трудни од машки родени во Припјат и околината по трагедијата од страв дека имаат радијација, како и оние кои го дале животот за да спасат што може да се спаси.

Дојде мајка ми. Таа вчера во болничката соба донесе икона. Намо нешто шепоти во ќошот и клечи. Сите молчат, професорот, лекарите, медицинските сестри. Милат дека не знам оти наскоро ќе умрам. А јас секоја вечер учам да летам. Кој рече дека е лесно да се лета-стои во свеодочењето на еден од жртвите во несреќата кој бил премногу оздрачен и знаел дека му се ближи крајот.