По смртта на нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ го презеде неговиот криминален клан и го направи попрофитабилен и поефективен,

Ова го откри поранешниот американски амбасадор во Југославија, Вилијам Монтгомери, во своите мемоари „Кога овациите ќе стивнат“. Овој дипломат всушност ja пренесе средбата премиерот Зоран Ѓинѓиќ, кој во еден од разговорите ги допре Цеца и Аркан.

Се сеќавам како се шегуваше за Цеце, вдовицата на Аркан. Тој рече дека бил импресиониран од начинот на кој таа се соочила со неговата криминална банда, чии членови не покажале ни најмал отпор. Според Ѓинѓиќ, таа дури успеала да го направи кланот попрофитабилен и поефективен-откри амбасадорот.