Во Мавровскиот регион се смета дека пролетта дошла кога превојот на Царевец, на патот кон Галичник ќе биде отворен – пишува на фејсбук страницата на „Ски хут Горица -Маврово“.

Снежните ѕидови некогаш се издигаат и во висина од 4м. Делот кој со возило се минува низ снежниот тунел е навистина живописно искуство – е објавено на нивната фејсбук страница.