Вториот обид на 920 книги „Бугарски народни песни на браќата Миладинови “за да стигнат до Бугарскиот културно-информативен центар се покажал како успешем, информира бугарската национална телевизија. откако тие беа вратени пред една недела од Царинската управа на Македонија по што Бугарија испрати протестна нота.

Амбасадата на Бугарија во Скопје испрати протестна нота до македонското Министерство за надворешни работи поради одлуката на царинските власти на граничниот премин Деве Баир да запрат пратка од 920 бугарски книги наменети за Бугарскиот културно-информативен центар во Македонија, соопшти пред една недела бугарската министерка за надворешни рабои Екатерина Захариева на својот профил на Фејсбук.

Вчера рано наутро, претседателот на центарот, Виктор Стојанов, ги испратил книгите во автобус преку бугарско-македонската граница по втор пат.

„Не очекувам никакви проблеми и сакам да ја преминеме границата без никакви проблеми, за да ги донесеме нашите книги во Центарот за култура во Скопје “, рече тој.

Овој пат бугарската амбасада во Скопје го испрати договорот за донација до Царинската управа. Така, напладне автобусот натоварен со бугарски книги за донација успешно влегол на територијата на Македонија.

„Веќе имаме утврден модел според кој можеме да донираме книги на многумина посакувајќи им среќа на нашите браќа во Северна Македонија кои сакаат да читаат бугарски книги “, вели Стојанов.

Услов било книгите да бидат под 1.000 примероци и да има договор за донација потпишано билатерално. Повеќе од 760 апликанти веќе добиле книга.