Парот Макрон беше усогласен во своите комбинации на облека на прославата на новиот мандат. Емануел носеше  елегантен темносин костум со бела кошула и темносина вратоврска а таа го следеше во стилот. Фатени за раце, францускиот претседател и неговата сопруга беа пречекани со аплауз на импровизирана бина поставена пред Ајфеловата кула.

Тесните панталони ја истакнаа витката фигура на шеесет и деветгодишната Брижит. Над нејзината бела елегантна кошула, која беше закопчана од левата страна, носеше необичен сив блејзер, па кројот на сакото даде посебен печат на нејзиниот аутфит.

Со оваа комбинација таа облече елегантни салонки во беж боја, а на раката имаше брендирана чанта во иста боја.

Брижит се соочува со бројни критики уште од првиот ден кога се најде во фокусот на светската јавност поради победата на нејзиниот сопруг на претседателските избори во 2017 година. Тие се, пред сè, производ на разликата во години.Кога на Емануел ќе му заврши мандатот таа ќе има 74 години.