Ани Алвеш, Бразилка која живее во Загреб, имаше чест да биде на челото на прочуената карневалска поворка во Рио де Жанеиро. Згодната 29 годишна на Инстаграм се пофали со фотографии од бразилската поворка и го покажа раскошниот костим кој го носеше, а нејзините пријатели се воодушевени од ваквото издание на црномурестата инструкторка по самба.

 

View this post on Instagram

 

Gente vocês estão sabendo lidar com essa roupa? 😱😱 #musa #samba #rj #carnaval2019 #annyalves

A post shared by Anny Alves Skola sambe (@anny_alves.skola_sambe) on

„Првиот ден помина одлично“, напиша во описот на една од фотографиите што ги сподели. Исто така, покажувајќи колку опрема носи на себе, ги праша обожавателите: „Знаете ли како е да се носите со толку опрема?“

„Спектакуларно“, „Вистинска божица“, „Преубава“, се само дел од коментарите на пријателите на девојката што ја водеше самба поворката во центарот на метрополата на Бразил.