Бугарија ја тресе конзуслки скандал по одлуката Виолета Сечкова да биде именувана за почесен конзул на Јужна Кореја во земјата.

Како што реагираат бугарските медиуми, недолично е таква позиција да добие личност која во јавноста е позната како разголена манекенка, водителка и сопруга на бизнисмен кој се дружи со премиерот Бојко Борисов.

Според медиумите, со именувањето на манекенката за конзул, нејзиниот сопруг, Александар Сталиски и седум членови од нивното поблиско семејство добиваат имунитет и дипломатска заштита за имотот.

Сталиски, според бугарските медиуми, бил еден од најголемите инвеститори во банкротирана корпоративна комерцијална банка.

Да биде скандалот уште поголем, почесен конзул на Ирска во Бугарија е поранешната партнерка на премиерот, Цветалина Бориславова.

Трикот е што семејствата, имотите – домовите, канцелариите, автомобилите на почесни конзули се третираат како странска територија и тие имаат имунитет за претрес од страна на бугарските власти. Инаку, зошто би им била потребна ваква функција, особено два месеци пред изборите – коментираат медиумите.