На интернет се појави снимка која покажува како рускиот претседател Владимир Путин се обидува да се одбрани од една баба. Поради својата комичност, снимката се прошири на социјалните мрежи. Всушност старицата толку  била воодушевена што го гледа Путин па сакала да го бакне, но можеби и малку претерала.

Ако се суди по реакцијата на Путин, изгледа дека  и не многу му одговара нејзиното непримерно однесување.

Бабата во еден момент сакала да го бакне во уста, па претседателот на Русија мораше да ја сврти  главата  и на фин начин да ја одбие.