Авион на  Американ Ерлајнс  полетал од Бостон накај аеродромот во Њујорк , но бил присилен да се врати затоа што се најде меѓу јато гуски.

Пилотот на летот 2163  пријавил судар со гуски во текот на полетувањето на меѓународниот аеродром во Бостон. Портпаролот на авиокомпанијата изјави дека во авионот има 99 патници и четири членови на екипажот. Авионот е прегледан , исчистен и вратен во сообраќај.