Ниту годинава Албанскиот театар нема да биде официјално отворен.

Ветувањата на власта дека 2020 – та конечно ќе донесе публика во реконструираната зграда, повторно се одложени. Сега за на пролет.

Новата министерка за култура на првите сто дена од министерувањето убедува дека за неколку месеци санираната зграда на Албанскиот театар ќе биде пуштена во употреба по седум години работа на објектот и потрошени над 10 милиони евра.