Агенцијата за аудиовозуелни медиуми на Албанија ја предупреди Националната радио-телевизија да не емитува песни на Светлана Цеца Ражњатовиќ, сопругата на покојниот Жељко Ражњатовиќ Аркан. Предупредувањето уследило по поплаките дека во програмата посветена на малцинствата е емитувана нејзина песна, јавува Танјуг.
Одлуката била донесена со образложение дека Цеца имала повеќе антиалбански изјави против Приштина, а нејзините песни, како што се тврди, предизвикувале престапи во Босна и Косово.
Се подвлекува дека програмата посветена на малцинствата треба да им служи на солидарноста и пријателството меѓу народите и културите, а не да рекламира лица, кои со конкретни чекори го покажале токму спротивното.
Во соопштението на АМА, Цеца е окарактеризирана како „проблематична пејачка“, која со свои претходни изјави и песни инспирирала престапи во Босна и Косово, ги поддржувала нехуманите активности на нејзиниот сопруг и српските воени и полувоени формации со кои тој раководел.
Ви обрнуваме внимание да избегнувате такви ситуации, се вели во соопштението на АМА.
Comments are closed for this post.