Освен  кулите и мостовите , посетителите во  Кратово, од пред извесно време, ќе гледаат и друга атракција. Сред град никнаа железни диносауруси.

Како и да е, оваа појава предизвика различни реакции на социјалните мрежи.

Кратово, заедно со Крушево (мали изолирани сегменти има и во други градови) е огледало на типична, комплетно урбанистичка целина на староградска македонска архитектура! Значи како да ви кажам луѓе, тоа е нашата лична карта! Да ги поставиш оние железни фигури во центарот на Кратово, една од најстарите градски населби на Балканот, чии мостови и стари куќи се распаѓаат, е просто вистински невкус! По сите параметри!, се вели во дел од коментарите.

Инаку, Кратово е изградено со типична староградска македонска архитектура и е познато по своите кули и мостови. Според некои претпоставки, во минатото, во Кратово имало дури 13 кули, од кои најголема е Симиќевата кула. Во градбите е значителен каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар, со што на градбите им овозможува еластичнот и цврстина. Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците на секоја куќа се посебно обележие на кратовската куќа. Од чардакот зависела и обликата на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи, тие се како еднокрилни или пак двокрилни. Во минатото секоја кратовска куќа имала бања за капење. Како посебна просторија во куќата имала огниште, кое служело за загревање на просториите и за готвење храна.