Светски познатата актерка Скарлет Јохансон се омажи по третпат. Таа на својот пријател Колин Џост му кажала „да“ на церемонија одржана во тесен круг блиски и пријатели.
-Радосни сме да ја соопштиме веста дека Скарлет Јохансон и Колин Џост се венчаа во текот на викендот на скромна церемонија на која присуствуваа нивни блиски пријатели и роднини, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19, сподели на Инстаграм организацијата Mealsonwheesamerica.
Свадбена желба на младенците е секој кој се радува за нивната венчавка во овој тежок период да им помогне на ранливите возрасни лица за кои води грижа организацијата.
Јохансон и Џост се верија во мај 2019 година, по двегодишна врска. Нa Скарлет ова и е трет брак, а прв на Џост.
Comments are closed for this post.