Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за подршка на проекти од национален интерес за 2019. Фестивалот на филмската камера „ Браќа Манаки“ за неговото 40. издание во септември, на сметката на организаторот – Друштвото на филмски работници на Македонија, ќе легне сума од 9,5 милиони денари, што е за 1, 5 милиони повеќе од лани.
Помалку сретства за 1 милион денари во однос на минатата година, доби фестивалот на европски филм Cinedays. За 2019 му се одобрени 3, а лани располагал со 4 милиони денари.
Сумите на фестивалот за креативен документарен филм „ Македокс“, минатата и оваа година се исти. Фестивалот располага со буџет од 2,6 милиони денари, а за неговото Патувачко кино во летниот период, доделената сума од 300 илјади денари. Исти суми, од 2,5 милиони денари за оваа и ланската година има и Скопскиот филмски фестивал.
Членови на Управниот одбор на Агенцијата за филм, кои ги назначува Владата, се: Александар Касапинов, претседател, Ацо Дуковски, Блерим Османи, Бојан Лазаровски, Георги Трајчев, членови.
Буџетот за филмска дејност годинава изнесува 170 милиони денари.
Comments are closed for this post.