Гледајќи ја понудата во салоните денес, цените на новите автомобили на европскиот и домашниот пазар се зголемија до тој степен што веќе заборавивме што можеше да се купи пред пандемијата. Додека најевтините градски модели се опасно блиску до 20.000 евра, италијанскиот портал „AutoEveryeye“ направи интересна анализа и нè потсети што можевме да добиеме од салонот за 10.000 евра само пред десет години.

Меѓу најпристапните беше Дачија Сандеро, чија почетна цена беше помеѓу 7.500 и 9.500 евра. Покрај неа, легендарниот Фиат Панда можеше да се купи за околу 10.000 евра, и тоа по редовни цени, а не како дел од специјални попусти или промоции старо за ново, како што е случајот денес.







Comments are closed for this post.