Концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша, кој беше закажан за 15 август во клубот „Хасиенда“ во Водице, е откажан, потврдија организаторите.

По повод откажувањето, српските медиуми ја контактирале Карлеуша, која не го криеше разочарувањето, но ниту својот став за целата ситуација.

„Како некој што доаѓа од земја во која сите се добредојдени, без оглед на расната или националната припадност, тажна сум што ми е оневозможено да се дружам со својата публика. За мене еден настап помалку или повеќе не значи многу, но ми е жал што сум жртва на неправда и извртување на моите зборови“, изјави Карлеуша.

Таа се надева оти ситуацијата ќе се смири и дека и понатаму ќе ги поддржува пејачите од други земји кои настапуваат во Србија.

„Секогаш ќе бидам на страната на пејачите кои слободно настапуваат во Србија, бидејќи Србија е земја со големо срце – земја на мирот, со народ кој ги прифаќа сите со раширени раце. Горда сум што доаѓам од Србија“, порача Карлеуш