Пред новата година вообичаено ги сумираме настаните и ефектите од изминатата, ги кажуваме желбите за следната година, а е корисно и да си ги идентификуваме и заедничките потреби и одржливите приоритети. И, секако, да си посакаме 2019 да биде подобра, поспокојна и поуспешна од минатата година.

Деновиве се побројни се партиско-нво-активистичките жалопојки за тоа како некои се умориле од протестирање и борба за пристојно општество, па откако промените не ги исполниле очекувањата, оставаат работите да ги тераат некои други. Активно е и „посипувањето со пепел“ на партиите иполитичаритекои сфаќаат дека позицијата на пудлици кон големите конгломерати веќе не(ќе) се исплатливи за обезбедување „гарантирани“ позиции на неколку ликови. Ова е нормална последица на поразот на активизмот и политичкото постоење засновани на клиентелизам, во кој борбата за промени е камуфлажа за замена на елитите, наместо промена на погрешните политики. Иако„природна елиминација“ на лажните приоритети и камелеонството во општествено-политичкото и економското живеење веројатно е попрецизна дијагноза, а претседателските избори ќе бидат уште едно чистилиште за ваквиот пристап.

Економијата и стандардот, кои директно се гарантираат/штитат од владеењето на правото, се клучното прашање за Македонија и во 2019. Стандардот е првата, но се помалку е единствена причина за масовното отселување што работната сила ни ја сведува на минимум, а креативните, пазарно компетитивни личности ни ги евакуира во странство. Несредениот систем (на вредности) ги тера луѓето што сакаат да живеат (работат и уживаат во плодовите од својата работа) наместо да живуркаат– да емигрираат во земјите и системите каде можат да си ја остварат оваа нормална потреба за себе и своите деца. Единствена „предност“ во оваа ситуација е што заовој тренд е свесен целиот регион, па сите сме упатени на соработка за да го спречиме натамошното тонење пред да останеме без работоспособно и младо население.

Затоа, во 2019 неминовно ќе се судриме со левичарските политики што на луѓето им го спречуваат пристапот до пазарот за дополнителен приход, со владината даночна политикашто обесхрабрува економска активност исо отсуството на суштинска инвестициска политикапо вина и на централнатаи на локалната власт. Соочувањето со отсуството на (концепт на)темелнисистемски реформи во владеењето на правото и институционалното поведение ќе се случи на претседателските избори, а нивната динамика, од постапката на номинирање кандидати до изборниот исход ќе ги разниша партиите и партиските елити и системот што децениски го воспоставуваат. Во однос на следните три години, пак, ќе ни се исцртува кохабитацијата кон која ќе се движиме на две нивоа – претседател-Влада и Влада-локална самоуправа.

Тргнувајќи од извесното членство во НАТО и неизвесноста на ЕУ-интеграциите по пролетните евро-избори, во 2019 ќе треба да изградиме приоритетикако општество и политика и во 2019/20 да селектираме луѓе (личности и партии) способни да се носат со предизвикот да градат: функционални институции без амнестии, економија на пазарни наместо на државно-тендерашки основи, раст на стандардот без нови „програмски петарди“ за статистичко покачување на платите помало од растот на животните трошоци…Во 2019 ќе треба и да си признаеме дека довршувањето на инфраструктурните проекти започнати од минатата власт не се доволни за одржлив развој и ангажирање на градежништвото и да се пристапи кон подготвување и на нови. Ќе треба и да погледнеме „надвор од кутијата“ и да ги отвориме очите за оние (регионални) проекти што ќе ни овозможат евтини енергенси и инфраструктурна експанзија, потребни за постигање далеку повеќе од 3% раст и поконкурентен домашен производ. Затоа, во 2019 на пр. треба да ја поддржиме идејата државите од регионот да влезат во заедничка инвестиција во НЕЦ„Белене“ како идеја и понуда соопштена од бугарскиот премиер на Инвестицискиот форум за З.Балкан,што ќе бара суштинско одделување средства од буџетот, наместо пари за политичко луксузирање, а ќе ни обезбеди повластена цена на струјата. За оваа идеја пишував во август 2017, во периодот околу потпишувањето на Мк-Бг договорот за соработка, на кој засега гледаме пред се како прашање на историјата, а не разбираме дека тој се однесува на секојдневно далеку побитни прашања од сегашноста и иднината. Еднакво така, како дневна вест го доживеавме и самитот на Рс-Гр-Бг-Ро лидерите, кои во Белград, во пресрет на романското претседателство со ЕУ, зборуваа за на пр. и за побрзо железничко поврзување од Атина кон Централна Европа, па фокусирани само на етно-историските аспекти, забораваме дека историјата им припаѓа на историчарите, а за дневното живеење и развојот во иднина решаваат политичарите.

Накратко, новата 2019 ќе биде среќна ако е поразлична од 2018. А за тоа е потребно да сфатиме дека Македонија што функционира само по еден досега познат коридор наместо како регионална комуникациска раскрсница и Македонија со мантрата „се зависи од странците, а ништо од нас“ – ќе остане иста и во 2014 и во 2019 и во 2025.

Затоа, за среќна нова година, мудро во 2019.