Со почетокот на празниците, темпото на политичките процеси (само) малку ќе спласне. Но, генералните промени на економско-социјалната и политичката сцена и во Македонија се очигледни и со нив ќе се занимаваме и пред, а особено по празниците, поттикнати од претстојната кампања за претседателските избори.

Според густината на настани (протоците на Викиликс, амнестијата за 27 април, пораките меѓувладините партнери, ониеод дипломатите во Скопје…)Македонија е се подинамична, иако, навистина не колку и Европа. Во вакви околности,откако (регионална) тема се протестите ширумсоседство и формирањето на косовската војска, по посетата на Саливан во Скопје и писмото на Трамп до Х.Тачи, решавањето на споровите на Македонија веќе е само домашна задача на властите во Скопје, бидејќи напорите на САД сега се насочени кон активни преговори меѓу Белград и Приштина – во предвечерјето назаокружувањето на составот на јужното крило на НАТО за оваа деценија.

Но, додека политиката се обидува да ја трасира општествената реторика со Нобелови награди, вербални пофалби за лидерство и шармерство, протестите ширум Европа со месеци (Полска, Франција, Холандија, Белгија, Унгарија, Албанија, Бугарија…) се појасно укажуваат дека заеднички именител на незадоволствотое социо-економската компонента. Попрецизно, се протестира против државнитеполитики во кои поединецот е пониско на листата на приоритети од буџетските потреби на државниот интервенционизам, а пазарот е бирократски пререгулиран и создава класа „поеднакви“ и далеку побогати од другите – токму поради јавните политики.

Во нашиот регион тие изблици на протест (ќе) попримаат и елементи на доживување на Унијата како административен окупатор наевропската идеја, што по децении поглавја и преговарања – еднакво ни е далечна.Затоа, регионот ја препознава поддршката да биде дел од западната хемисфера во соработката со САД, чија политика (со право) го презре надмениот пристап на Брисел кон Источна и Југоисточна Европа и воопшто, кон целиот свет.

Станува јасно дека Европа на граѓаните и нациите ќе „преживее“ ако ја победи Унијата на бирократите. Во овој процес централна е улогата на етнофилијата, како желба за напредок на сопствениот народ и нација (економија, стандард, култура, безбедност…) без исклучување на правото на другите да го негуваат истото чувство за својот народ и нација. Всушност, етнофилијата во третата деценија на овој век се јавува како концепт на кохезија на основа на владеење на правото и социо-економските потреби, анулирајќи гипозер-либерализмот и фејк-левичарството.

Во таа смисла и Македонија ќе напредува доколкунавреме ја идентификуваетнофилијата како корисна матрицаво која глобализацијата ги зближува нациите врз основа на заеднички цели и ја поттикнува нивната соработка наместо конфликтност, без да ги претопува народите во неидентификувана административна маса. Етнофилијата, продлабочено,ги елиминира основите на многу од досегашните внатрешни триења, но и споровите со соседите и практично ја зајакнува државата Македонија, корисна и за себе и за соседите (регионот и интеграциите). За Македонија, етнофилијата кон народите во неа е и засилување на државотворниот капацитет на Македонцитеи верификување на позицијата на Албанците како еднакво изворен дел на македонскиот државотворен код, но и извор на фактичка еднаквост на припадниците на сите други народи што живеат тука и на тој начин се испречува пред национализмот и радикализмот. И со тоа ја загрозува досегашната политичка генерација и бриселската бирократија – правејќи ги излишни нивните совитливи стандарди.

Ваквата обнова на критичкиот дух гарантиракреативни европски текови, во кои одбраната на (идејата на) Европа зависи од силата да се победи (бирократизмот на) Унијата. Тоа, во услови на засилени источни влијанија значи и одбрана на евро-атланскиот модел на одбрана и соработка, како приоритет за одбрана и на Европа, но и на повоениот светски поредок, што истокот го смета за ограничувачки фактор.

А во трите домени (Европа, регион, Македонија), соработката е упатена меѓу националните влади и САД. Брисел уште долго ќе ја нема атрактивноста, авторитетот и кохезивната моќ од пред триесет години, се додека не сфати дека Европа ќе биде онолку наднационална колку што ќе сакаат европските нации, а не евро-чиновниците.