Секако реагираме и веднаш испраќаме нота.
Ова беше првичната реакција на екс-премиерот Зоран Заев кога минатото лето бугарскиот премиер Бојко Борисов го именуваше македонскиот претседател Стево Пендаровски како „северномакедонски“. Но, таа првична реакција потоа се претвори во ветер и магла, исто како и многу други работи, што Заев ги кажал, па ги негирал.
Конкретно за ова, на помош тогаш му дојде министерот за надворешни работи Никола Димитров. Според него, парафразирано, пријатели не испраќаат ноти, туку разговараат. Така, излезе дека за употребата на придавката „северномакедонски“ македонските и бугарските пријатели ќе разговараат и за тоа нема потреба од никакви ноти. За волја на вистината, малку подоцна и самиот бугарски премиер јавно се извини.
Но, следејќи ја оваа логика, од оваа временска дистанца излегува дека соседна Грција, и покрај потпишаниот Преспански договор, се уште не ни е пријател. Таа не разговара со нас, со пријателите, туку веднаш испраќа нота, па било таа да е и вербална. Нејзината содржина, пак, е помалку важна. Неа ја знае нашиот министер за надворешни работи, а можеби и уште некој друг покрај него. Меѓутоа, важно е дека на пријателите, што ние сепак ги сметаме за такви, им пречело што техничката министерка за труд и социјална политика Рахела Мизрахи во Министерството стоела пред табла со името Република Македонија.
И нашиот министер за надворешни работи како добро дресирана, послушна меѓународна пудлица веднаш ќе реагира. На прес-конференција. Обична п**чка под кошула. Се прави голем дома, а молчи и се крие таму кај што треба. Не за друго, туку за да го одбрани правото и достоинството на Македонците за што дал заклетва согласно Уставот и законите.
И кога тоа не го прави како што треба, на пример, во бугарските медиуми, нашите пријатели, нели, ќе продолжат самоволно да ја употребуваат придавката „северномакедонск/и/а/о“. Така, според нив, вчера „северномакедонските пратеници“ го ратификувале протоколот за членство во НАТО. Министре Димитров, обична п**чка под кошула, какви пратеници седат во македонскиот парламент?
Дали паметите министерот Димитров така јавно, исто како што реагираше на прес-конференцијата, да реагира во одбрана на, еве да речеме, придавката македонски кај нашите меѓународни пријатели? Не мора веднаш да одговорите. Преслушајте се, па потоа сторете го тоа. Верувам дека тешко ќе најдете таков момент.
Дали паметите министерот Димитров да реагира исто така јавно и гласно како на прес-конференцијата на тоа што нашите грчки пријатели не го почитуваат Договорот од Преспа во делот на менувањето на патоказите? Не мора веднаш да одговорите. Преслушајте се, па потоа сторете го тоа. Верувам дека тешко ќе најдете таков момент.
Дали паметите министерот Димитров така јавно, исто како што реагираше на прес-конференцијата, да реагира кога го прекрши Уставот и законите на оваа држава и за успешен го прогласи референдумот за промена на името, иако не беше исполнет цензусот за тоа? Не мора веднаш да одговорите. Преслушајте се, па потоа сторете го тоа. Верувам дека тешко ќе најдете таков момент.
Дали паметите министерот Димитров така јавно, исто како што реагираше на прес-конференцијата, да реагира кога ги деноминираше Македонците од етнос во граѓани испраќајќи писмо до неговиот грчки колега? Не мора веднаш да одговорите. Преслушајте се, па потоа сторете го тоа. Верувам дека тешко ќе најдете таков момент.
Дали паметите…Не. Доволно е. Иако може да се наредат уште еден куп прашања на негова адреса.Нашиот министер за надворешни работи може да ја сака Македонија или не, може да ги сака Македонците или не, може да ги смета за либерали, социјалдемократи, националисти, радикали, вакви или онакви, ама не може да ги третира како приватна сопственост. Зашто, од нив зима плата, меѓу другото и за да ги брани и одбрани нивните права, чест и достоинство. Ако не може тоа да го прави и поважна му е улогата на добро дресирана, послушна меѓународна пудлица, тогаш нека си седи по кафеани како п**чка под кошула.
И што ако го послуша техничкиот премиер Оливер Спасовски и испрати предлог за разрешување на техничката министерка Мизрахи. Ќе го одбрани Уставот и законите? Ќе го одбрани Договорот од Преспа? Ќе им ја скрши кичмата на Македонците? Ќе им го уништи духот? Не! Македонците поминале и издржале многу повеќе од тоа и многу поголеми личности од ваквите наши п*ички под кошули.
Comments are closed for this post.