Деновиве од владините министри за финансии и социјална политика слушнавме дека владата планира да воведе прогресивно оданочување во следната 2019 година, а со тоа да се напушти досегашниот модел на рамен данок. Министрите најавија дека преку прогресивното даночење планот е да се соберат поголеми средства во државната каса со цел да се финансираат мерки за намалување на сиромаштијата во државата. Според министрите тоа било фер и справедливо.
Но некако власта како да нема слух за оние, коишто сакаат да живеат и работат во Македонија. Овде пред се мислам на младите ИТ професионалци. Познато е дека тоа е сектор каде приходите се едни од највисоките. Младите ИТ инженери кои имаат желба да останат во државата и тука да зараработуваат едноставно се и ќе бидат бидат демотивирани, ако државата им ги ускрати приходите преку прогресивното оданочување. На овој начин, власта со сигурност ќе ги дестимулира овие млади ИТ професионалци. Исто така, познато е дека со развојот на информатичко-комуникациските технологии се нудат многу можности за работа преку интернет, па така сите оние што заработуваат дополнителни приходи на тој начин, само ќе бараат други можности да нивните приходи не бидат ускратени. А тие можности ги има многу.
Во однос на воведувањето на прогресивното оданочување видовме дека има реакции од приватниот сектор, како и од комората за информатичко-комуникациски технологии. Нивните аргументи се дека со предложените мерки нема да се постигне посакуваниот ефект на подобрување на социјалната еднаквост во државата, а напротив дека ќе се намалат продуктивноста, вработливоста и развојот на квалификации.
Откако дојде „животот во државата“, видовме дека власта работеше турбо со полна пареа кон исполнување на една единствена цел – промена на уставното име на државата и имплементирање на договореното со Грците. Од „дешавките“ само пораснаа незадовослтвото и недовербата во власта и кон институциите на државата. Сега со зголемување на даноците, богами ептен тоа незадоволство ќе го пуштат на најјако.
Ама ето познато е дека кај нас најголем работодавач е државата, а политичките елити ги користат државните институции за да ги вработуваат своите партиски кадри, па ете сега со ова прогресивно оданочување ќе ја наполнат касата за да имаат повеќе пари токму за претходно споменатото. И тоа е така, продолжува во недоглед.
А додека младите ИТ професионалци се оспособуваат, амбициозни се и со желба да вложуваат во сопственото знаење и вештини, а за коешто очекуваат да остварат високи примања во ИКТ индустријата и каде безспорно се високи наградите. Така веќе Англискиот јазик не е популарен да се изучува меѓу младите ИТ професионалци. Тој и така е необходен во ИКТ секторот. Сега младите ИТ инженери се поинтензивно го изучуваат Германскиот јазик. Сега со воведувањето на прогресивното оданочување, младите ИТ професионалци, амбициозни и демотивирани во и од сопствената држава, едноставно ќе гледаат да фатат пат под нозе и да кажат „Auf Wiedersehen Mazedonien“.
Comments are closed for this post.