Зоран Милески – Кичеец не се пријавил во затворот во Шутка. Причина за ова било што тој до Основниот кривичен суд во Скопје побарал одложување на издржувањето на затворската казна, потврдуваат од судот.
Од Кривичниот суд велат дека за неговото барање ќе одлучи судија за извршување санкции по што преку соопштение ќе ја информираат јавноста за тоа дали ќе добие одложување или сепак ќе мора да влезе во Шутка.
Засега нема информации кои причини Кичеец ги навел во неговото барање.
Тој е осуден во предметот „Рекет“ за што ја призна вината уште на првото рочиште и тоа за делото примање награда за противзаконито влијание. По одлуката на Апелација, со која му беше потврдена казната, Кичеец доби упатен акт, според кој вчера требаше да се јави на издржување на казната, која сега е помалку од три години, заради тоа што му беше одредена мерката притвор.
Comments are closed for this post.