Последниот случај со апсењето на косовска територија полицаец од Македонија, кој се сомничи дека изработувал фалисфикувани монети во апоени до 2 евра, го отвори прашањето како граѓаните да ги препознаат овие лажни пари.

 

Според експерите од Народната банка со мала едукација на граѓаните овие лажни монети можат лесно да се препознаат.

Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оргииналните евромонети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непретпознатливи. Преку употреба на магнетет можете релативно и лесно и едноставно да утврдите фалсификувана пара, велат од НБРМ за „Канал 5“.

Во април слична акција беше откриена и од шпанската полиција, каде беше фатена кинеска група која произвела околу милион евра во лажни монети од по две евра.

Шпанската полиција преку видео и фотографии објави информации како да бидат препознаени лажните евра. Тие немаат доволно детали и нарези на работ на монетите како вистинските евра, а како најлесен начин за проверка е употреба на магнет. Вистинските монети се демагнетизирани и не може да се фатат и залепат на магнет, додека лажните раегираат на привлекувањето на магнетот.