На видеото од „Курир.мк“ од денешното пукање во Ист Гејт“ се гледа како двајца мажи  излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали. Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега.