Преку социјалните мрежи се огласи Трајче Заев кој потврди дека се наоѓа надвор од Македонија.
Неговиот статус ви го пренесуваме во продолжение.
Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви.
Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка, пишува Заев во објавата.
Comments are closed for this post.