Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија.Убиството кое се случи вчера е продолжение на крвавата нарко пресметка на клановите чии грозоморни убиства започнаа во времето кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи, потсетуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

Таквата сила на тие кланови доаѓа поради фактот што Спасовски, Заев и Ковачевски го ставија МВР на услуга на криминалците, а со помош на нарко клановите ДУИ и СДС добиваше гласови на неколку последователни изборни циклуси. Застреланиот го нашол братот полицаец чие име се спомнува во структурата на фирмата која продава јаглен на ЕСМ и РЕК Битола. А, јавна тајна е дека ЕСМ и РЕК се златните рудници каде црпи пари врвот на СДС и ДУИ.

Срамно е и се граничи со лудост да се пушта соопштенија каде СДС го обвинува Тошковски за расветлување на убиство кога се знае дека тие нарко кланови претходно се пушкараа среде Скопје, се убиваа и брутално егзекутираа, а во исто време седеа во скутот на Спасовски.

За сите други прашања СДС нека се обрати до нивниот заменски министер во МВР Бојмацалиев, кој веројатно не е зафатен со свечен пречек на пасоши или пак со долг сервилен разговор со неговиот шеф во сенка Оливер Спасовски.