Ноќеска (01.05.2022) во 00.15 часот од страна на полициски службеници од Одделението за  недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово лишен е од слобода И.Б.(39) од Тетово. При контрола извршена во неговиот угостителски објект во Тетово, биле пронајдени 37 пакувања марихуана, дигитална вага, реквизити за организирање комар (чипови, карти и коцка) и нож.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово, во тек е претрес во неговиот дом и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат изготвени соодветни, законски предвидени поднесоци. Во објектот, исто така, бил приведен и Д.Х.(21) од Тетово кај кого бил пронајден и одземен нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје