Во Македонија, само минатата година, се случија еден куп мафијашки пресметки и криминални дејствија, од најлош тип, како низ улиците во Скопје, така низ државата, а за ниеден од тие случаи, нема разрешница од страна на неспособниот Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пукотниците среде Скопје, во Шиша Бар, каде криминалното подземје ги решаваше своите сметки, заврши со мртви и повредени, но полицијата на Оливер Спасовски, нема мрднато со прст во истрагата, а тоа само посочува на тоа дека, тука се вмешани луѓе, кои биле поддржувачи од страна на власта, каде јавноста можеше тоа да го увиди, од многуте фотографии, каде овие криминалци, се сликале со високи функционери на ДУИ и СДС. Се случи и пукање во најголемиот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол, каде во сред бел ден, повторно се случи пресметка со пукање и повредени, меѓу криминалното подземје во Македонија, а ни во овој случај, се уште нема разрешница, ни уапсени луѓе. Во случајот со грозоморното убиство на Вања и Панче, се увиде дека полицијата можела и морала да го спречи ова двојно убиство, додека возилото на убиениот Панче се возело со денови низ скопските улици, па со истото возило, убијците да ја киднапираат Вања и потоа да ја убијат. Спасовски ја лажеше целата јавност пред камери, дека возилото не било користено во тие денови, што се потврди како голема лага. Јавноста до ден денес нема одговор. Се случи и упадот во М-НАВ, каде партиска војска на ДУИ влезе и нападна контролори на летање, додека авиони летаа над македонското небо, а дел чекаа и зелено светло за слетување. Овој случај Спасовски го сфати сериозно откако цел народ стана на нозе барајќи одговори, но заврши со бегство на четворица напаѓачи, а другите четворица, место притвор, беа пуштени дома. Ова лудило веќе мора да престане, на оваа криминална и неспособна власт, ќе и пресудат граѓаните на следните избори.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, порачаа од партијата.