По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција утринава полицијата го привела Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски.

Новачевски и уште една група лица се осомничени за сторено кривично дело перење пари, со кои купиле плацови на Водно.

Обвинителството, покрај Груевски и и неговиот кум Новачевски, за перење пари ги сомничи и братучедот Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.  Камчев, Мијалков и Јосифовиќ се осомничени заедно и во „Империја“. Неофицијално, плацовите гласеле на нивни фирми.

Сите осомничени се со претходно изречени мерки за обезбедување присуство, само Новачевски не е.