Од банкомат на ТТК банка во Тетово украдени 1.300.000 денари

16.03.2021 / 12:52


Тетовската полиција од вчера работи на откривање на сторители на кражба на 1.300.000 денари, кои се одземени насилно од банкомат на ТТК банка во Тетово. Вчера во 5 часот во СВР Тетово пријавена е кражба во банкарска филијала на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.

– Насилно била отворена влезната врата од објектот и од банкоматот биле одземени четири каси со пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се расчистува случајот, информираат од СВР Тетово.

За настанот соопштение до јавноста испрати и ТТК банка.

– ТТК Банка АД Скопје ја информира јавноста дека на 15 март 2021 година, веднаш по завршување на забраната за движење вон работното време на Банката, извршена е кражба на парични средства од банкомат лоциран во експозитурата АРМ во Тетово од непознат сторител. При кражбата одземени се околу 1,3 милион денари, соопштуваат од банката.

Потенцираат дека целиот имот и средства на Банката се претходно осигурени во функција на елиминирање на ризиците од ваков вид настани. (МИА)


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Хроника

Кривичен ја прифати гаранцијата од 55.000 евра за укинување на притворот на Стефан Богоев

пред 13 часа
Хроника

Јакимовски на 2 јули оди во Шутка

пред 3 дена
Хроника

Тошковски: Сулуда имагинација е дека МВР ќе шпионира ако се воведе паметен систем за жртвите на семејно насилство

пред 3 недели
Хроника

Трагедија на скопската обиколница

пред 3 недели
Хроника

Ова е платениот убиец од Србија кој требало да убива во Скопје

пред 1 месец
Хроника

Во заедничка акиција на македонската и српската полиција во Скопје е упасен член на Врачарски клан кој спремал ликвидација

пред 1 месец
Хроника

Адвокатот на Видевски прашува: Зошто не се изведени сите докази?

пред 1 месец
Хроника

Штекли сега ќе биде на безбедно: Осуден е на осум години затвор

пред 2 мес.
Хроника

Oбвинителството ќе изведува материјални докази за “Пулс“

пред 2 мес.
Хроника

Зошто беа запалени гевгелиски возила во Карпош 1 (ВИДЕО)

пред 2 мес.
Jojobet GirişMadridbetMadridbetbetciocratosroyalbet girişgrandpashabetesbetDeneme Bonusu Veren SitelerDeneme Bonusu Veren Sitelerdeneme bonusugrandpashabet girişGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetjojobetjojobet girişcasibomgrandpashabetgrandpashabetmarsbahis girişholiganbetholiganbetgrandpashabetngsbahis