Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово, го расчисти кривично – правниот настан кој се случи на 11 август на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи известува дека по преземените оперативно – тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело. Станува збор за А.М.(21), кој е германски државјанин.

Во координација со Основното јавно обвинителстви – Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од Кривичниот законик до надлежното обвинителство за натамошно постапување